Ел Чека (El Cheka), фејсбук профилот на кој беа објавени најновите „бомби“ кои се однесуваат на ДУИ, вечерва има пост во кој се исмеваат тврдењата на МВР дека открило кој стои зад профилот од каде се објавени прислушуваните материјали.
„Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа? Бог да ги благослови Албанија и Америка!“, пишува на профилот Ел Чека на Фејсбук.
На профилот има објавено и дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље, командант Соколи и се договориле да ги објави сите „бомби“ што ги има.