„Бомбата“ на „Илија Громовник“ со Богоевски ја снимал таксист пред неколку месеци

2900

„Бомбата“ која вчера осамна на руска социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, всушност ја направил таксист.

Тој го снимал додека Богоевски се возел во таксито и затоа на снимката се слуша само неговиот глас. Разговорот е од пред неколку месеци.

Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил каде се огласи за снимката.

Богоевски преку социјалните мрежи претходно напиша дека негов е гласот, но не е точно дека нарачува кокаин туку масло од канабис за негова блиска болна личност.

Сепак, останува прашањето кој се крие зад „Илија Громовник“ на руската социјална мрежа. Од овој профил, пред околу еден месец беа објавени четири други телефонски разговори од актуелни и поранешни функционери.

Како што веќе објавивме, МВР и обвинителството сѐ уште не можат да го откријат идентитетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...