Болтон: САД работат на тоа Мадуро мирно да му ја предаде власта на Гуаидо

110
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека Вашингтон се обидува да собере што поширока коалиција за смена на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Тој истакна дека САД работат на тоа Мадуро мирно да ја предаде власта на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

– Многумина сфатија дека експериментите со Уго Чавез и Николас Мадуро пропаднаа и оти треба да бидат завршени. Затоа работиме на собирање што поголема коалиција за смена на Мадуро – посочи Болтон.

ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...