Болница пренесувала операција на тумор на мозокот во живо на Фејсбук ВИДЕО

На Шард ѝ поставувале дури и прашања за нејзиното куче, за да ја тестираат меморијата за време на зафатот кој вкупно траел четири ипол часа.

226

Повеќе од 600.000 луѓе го прегледале 40 минути долгиот дел од операцијата, во која лекарите ѝ го отстранувале туморот на мозокот на Џена Шард, кој е пренесуван во живо.

Снимката прикажува пациентка (25) која разговара со лекари од едната страна на завесата, додека други лекари со хируршки маски ѝ го оперираат мозокот од другата страна на завесата.

Џена Шард претрпела мозочен удар поради големата количина на крвни садови во левата темпорална регија, а како последица на тоа имала тешкотии со говорот, рекол претставник од клиниката за неврологија.

Таа останала будна за време на операцијата, за лекарите да бидат сигурни дека нема да ѝ се оштети некој дел од мозокот кој го контролира говорот, па морала да изговара разни зборови за време на зафатот, за хирурзите да направат мапа на нејзиниот мозок.

– За да утврдиме по кој пат ќе му пристапиме на туморот, моравме да утврдиме кој е сигурен пат – рекол д-р Нишмел Пател.

На Шард ѝ поставувале дури и прашања за нејзиното куче, за да ја тестираат меморијата за време на зафатот кој вкупно траел четири ипол часа.

„Операцијата на мозокот во будна состојба на пациентот не е рутинска, иако ја правиме“, рекол тој, па додал: „Зависи од тоа каде е оштетувањето кое мораме да го оперираме и сакаме и дали пациентот во однос на тоа треба да биде заспан или буден.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...