Болните од Штип, Карбинци и Пробиштип го дадоа својот глас

Во 11 општини во брегалничкиот регион денеска гласаа вкупно 650 болни и немоќни лица, од кои најмалку или само пет има пријавени во Општина Карбинци.

41

Во Општина Штип денеска заврши гласањето на 60 болни и немоќни лица, кои своето право на глас го искористија во своите домови. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева вели дека гласањето помина без проблеми, а членовите на избирачките одбори денеска го подигаат и избирачкиот материјал за да ги подготват 77 избирачки места за утрешно гласање.

Во 11 општини во брегалничкиот регион денеска гласаа вкупно 650 болни и немоќни лица, од кои најмалку или само пет има пријавени во Општина Карбинци.

Претседателката на ОИК-Карбинци, Адриана Велинова информира дека гласањето е завршено. Денеска гласаа и тројца избирачи во селото Таринци, како и две лица во селото Радање.

– Општинската изборна комисија во Карбинци е подготвена за утрешното гласање, на избирачките места право на глас имаат вкупно 3.161 избирач. Гласачките места ќе бидат отворени во 7, а затворени во 19 часот – рече Велинова.

Во Општина Пробиштип денеска гласаа вкупно 110 болни и изнемоштени лица, а гласањето помина мирно и без проблеми.

Во Затвор-Штип за гласање се пријавиле 198 лица, но досега гласале 108 или околу 51 отсто.

-Гласачкото место беше отворено во 07.00 часот и гласањето се одвива во најдобар ред без никакви проблеми – рече претседателот на ИО 2291 А Затвор – Штип  Трајко Јолев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...