Бугарскиот боксер Кубрат Пулев, по победата против Богдан Дину предминатата сабота, на крајот од изјавата за новинарката Џени Суше, тој ја фати за лице и ја бакна без нејзина дозвола.
Таа во тој миг беше по малку збунета, но се насмеа и продолжи да известува за натпреварот. Неколку дена подоцна, таа сепак најави тужба против боксерот.
Пулев тогаш изјавуваше дека тие двајца се пријатели и дека тоа не било ништо невообичаено.
– Бев многу возбуден поради победата, па ја бакнав. Таа вечер таа ни се придружи мене и на моите пријатели на прославата по борбата – раскажа тој за „Вегас спортс дејли“.
Потоа новинарката ги негираше тие наводи, па Бугаринот почна да објавува и компромитирачки видеа, наводно, од забавата. На првото се гледа како како таа му танцува в скут на негов пријател. Снимката ја направил братот на Пулев.
– Имам уште вакви снимки и ќе ги искористам ако ми затребаат – изјави боксерот.
Bruh wtf is this interview man lmao! Pulev is alpha af. (Watch until end) pic.twitter.com/sUoiqFprhi
— NBT BOXING (@BoxingNbt) March 24, 2019