Боки 13: Јас сум во животно загрозувачка состојба

724

Покрај тоа што мојот бранител наведе дека јас сум два пати неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрозувачка, порача Бојан Јовановски – Боки 13 во Апелацискиот суд во Скопје каде на јавна седница бараше да му се укине притворот како првоосомничен во случајот „Рекет“.

И тој и неговиот адвокат Сашо Дуковски како еден од аргументите ја наведоа здравствената состојба. Бранителот посочи дека имал две неуспешни операции, имало лекарска грешка при врзувањето на тенкото црево со желудникот.

Боки 13 во неговото обраќање пред судот најмногј се осврна токму на здравствената состојба.

– Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и 4 дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е живогнозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов – рече Боки 13.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...