Среќна Нова година на сите и да сте ми живи и здрави! Вака Бојан Јовановски-Боки 13 утринава ги поздрави новинарите пред да влезе во судница на првото рочиште за случајот „Рекет“ во 2020 година.
Боки 13 денес изгледа видно подобро за разлика од минатите рочишта. Во судницата влезе самостојно, без да го придржуваат затворските полицајци, како што претходно беше редовна пракса поради влошената здравствена состојба.