Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва беше спроведен со лисици на распит во Кривичниот суд.
Судот треба да одлучи, дали ќе го прифати барањето на обвинителството за притвор.
Според некои медиуми, полицијата вечерва врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски во скопско Тафталиџе.
Јовановски попладнево беше уапсен на еден од граничните премини во државата на барање на Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец кој попладнево беше спроведен во кривичниот суд на распит.