На денешното рочиште за предметот „Рекет“ беше пуштена снимка од домот на сведокот Јордан Камчев на која е прикажано броење пари од по 50 евра, но има и од по 100 и по 500 евра.
Накратко можеше да се забележи и Луј Витон торбата. Потоа беше прикажана веќе познатата снимка на која се гледа дека Камчев ги испраќа Боки и Кичеец кои влегуваат во портокалов автомобил.
По прикажувањето на снимката реагираше обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој обвини дека снимката била монтажа, а адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска, забележа дека во кадарот имало женско лице, но кое не можело да се идентификува зашто не се видела главата на снименото лице.
– Ова е флагрантна монтажа! – реагираше Боки.