Боки 13 повторно во болница

1481

Првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска повторно е однесен во градската болница „8-ми Септември“.

Поради неговото влошено здравје неговата одбрана од претходно поднесе медицинска документација со намера да му се укине притворот.

Ова не е првпат, Боки 13, да заврши во болница. Последен пат заврши во истата болница кога даваше исказ во Обвинителството, каде почна да повраќа и да се жали на болки во желудникот.

И на јавната седница во Апелација, тој зборуваше за неговото здравје посочувајќи дека имал две неуспешни операции, имало лекарска грешка при врзувањето на тенкото црево со желудникот и му бил скинат нерв на желудникот.

– Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и 4 дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е живогнозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов – рече на седницата Боки 13.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...