Да излезете малку надвор да се смирите, му рече судијката Васка Николовска Масевска на обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, кој во последниве десетина минути не престана да се смее, додека обвинителката Вилма Русковска ги презентира снимките.
Претходно судијката ја опомена и обвинетата Катица Јанева велејќи ѝ да престане да зборува.