Првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски денеска повторно и се пожали на судијката Васка Николовска Масевска за својата здравствена состојба и на игнорантскиот однос кон неговата медицинска документација.
– Јас не сум експериментален глушец. Ве молам судијке да не си играте со мојот живот – рече Јовановски, откако судијката образложи дека се одлага денешното рочиште поради тоа што и двајцата адвокати на Јанева биле болни.
На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која навреме беше дојдена во судницата како и обвинителката Вилма Русковска, но отсуството на бранителите на Јанева, по втор пат оваа недела го одложи судењето.