Боки 13: Камерата на моите родители ја крие вистината за торбата „Луј Витон“

4364

Камерата на моите родители која беше одземена ќе докаже каде е торбата со парите, рече Бојан Јовановски Боки 13 во својот воведен говор даден на денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Тој изрази жалење што не се чувствува добро за да може да одговори на, како што рече, бруталниот говор на обвинителката Рускоска, навреден што го нарекла самонаречена естрадна звезда.

– Живеев за денот кога ќе дојде моментот да можам да зборувам, зошто сум цел на јавен линч веќе 5 месеци – рече Јовановски.

„Рекет“, додаде Јовановски, е несреќно наречен случај, бидејќи преку предметот се играле валкани политички игри, на негови плеќи.

– Од кривично-правен случај се претвори во случај на сензација. Мојот и животот на членивите на моето семејство беа загрозени, се уништи еден медиум. Станува збор за бедна конструкција на предмет оти синот на второобвинетата беше вработен во 1ТВ – рече Јовановски пред судот и ја повика напомош меѓународната заедница.

Јовановски ги отфрли сите обвинувања за кои се товари во „Рекет“ велејќи дека се неиздржани и дека камерата на неговите родители во неговиот дом ќе ја покаже трагата на парите од торбата „Луј Витон“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...