Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрла обвинувањата на бизнисменот Зоран Азманов дека му побарал рекет од 50.000 евра.
– Каков рекет, какви 50.000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор – вели Јовановски.
Тој објаснува дека Азманов не сакал да даде снимена изјава, а емисијата не оди во живо, па затоа и не може да се даде изјава во живо.
Во однос на тоа зошто во најавата за емисијата се споменуваат конкретни имиња, а доказите за наводниот криминал ќе бидат презентирани по еден месец, Јовановски вели дека тоа е во согласност со форматот и лиценцата на емисијата.
– Ако Азманов е сигурен во своите тврдења, нека тужи – вели Јовановски.