Боки 13 и Катица Јанева остануваат во Шутка, судот им ги одби жалбите

493

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од  нивните бранители, за укинување на притворот донесе решенија со кои предлозите на обвинетите се одбиваат како неосновани – соопштија од судот.

Против овие решенија, Јовановски и Јанева имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...