Боки 13, заедно со татко му, асистентката, Мандиќ и Ременски, обвинети за измама и перење пари

1209

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение за случајот „Меѓународен сојуз“ против пет лица и тоа против заменик-претседателката на невладината органиација – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Бојан Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски како и самиот Бојан Јовановски. Обвинителката Вилма Русковска ги товари за делата „Измама“ и „Перење пари“. Миле Јовановски се гони и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

„Во периодот од 08.07.2017 година до 13.04.2018 година првообвинетиот како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата. Оштетените, вака доведени во заблуда, на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Второобвинетата откако првообвинетиот ќе и дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот. Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите“, наведен е во соопштението.

Обвинителството го сомничи Миле Јовановски дека тој знаел од каде потекнуваат парите и со умисла му помогнал на неговиот син Бојан Јовановски да ги пушти во оптек, со што ги уплаќал парите на своја девизна сметка, а дел од нив ги уплаќал на правните лица како позајмица.

„Тој ги уплаќал на својата девизна сметка, дел пренесувал на сметките на правните лица по основ на поврат на позајмица, дел ги подигал во готовина и ги уплаќал на правните лица по основ на позајмица, а за сето тоа нема легално покритие. Воедно, петтообвинетиот во својот дом неовластено држел огнено оружје три полуавтоматски пиштоли и муниција“, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...