Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вечерва од Основниот кривичен суд во Скопје беше спроведен во затворот во Шуто Оризари бидејќи му определија притвор од 30 дена како осомничен во најновата истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Додека полицајци го изнесуваа Јовановски од судот кон полициското комбе, преку службениот влез на судската зграда, изјава за медиумите даваше обвинителката Вилма Русковска.
Тој со полицајците ја прекинаа изјавата за да можат да се симнат по скалите, при што прокоментира: „Извинете, додека зборувате лаги што ве прекинувам“.
Една од новинарките на Русковска ѝ рече: „Ова претпоставувам за Вас беше“, а обвинителката одговори дека не знае бидејќи во тој момент зборувала и една од новинарките.