Боки 13 барал 2 милиона евра од бизнисменот Зоран Митровски

2477

На денешното рочиште во предметот „Рекет“ од тројцата повикани сведоци прв сведочи Сашко Бошков, адвокат по професија. Тој рече дека лично го познава обвинетиот Бојан Јовановски Боки 13, со кого се сретнал прв пат во февруари 2018 година.

Средбата била по неуспешното собрание на кошаркарската федерација за што била побарана медиумска поддршка прво од А1 он, а потоа се сретнал со Боки кој им кажал дека неговиот медиум сѐ уште не почнал да работи, но дека наскоро ќе се случи тоа. На втората средба, Боки го прашал сведокот дали го познава Зоран Митровски, бизнисмен кој имал предмет во СЈО. Јас му реков дека ми е кум, а тој тогаш ми рече дека може да помогне.

– Се јави на телефон, не знам со кого зборуваше, но потоа ми рече дека може да се среди работата, а за тоа ќе треба Митровски да плати два милиони евра – рече сведокот Бошков.

Сашко Бошков на средбата со Боки 13 бил со Владо Илиевски, кој не бил избран за претседател на кошаркарската федерација поради што била побарана и медиумска поддршка.

– Бојан Јовановски ми рече дека Митровски имал повеќе предмети во СЈO, а кога се јави зборуваше со женско лице за кое не можам со сигурност да кажам кој беше, но можам да претпоставам – рече сведокот кој по извесно време му кажал на бизнисменот Митровски за понудата.

– На почетокот тој се возбуди кога му кажав за средбата со Боки и ме праша што да прави. Јас како адвокат му реков дека треба да пријави. Ми рече дека не чувствува дека треба да даде пари, а камоли толкава сума. Во прво време мислеше дека не треба да пријави, се плашеше, а потоа пријави – рече Бошков.

Сведокот на прашање на Боки рече дека го познавал Зоран Милевски Кичеец кој е осуден на три години затвор, откако на почетокот на судскиот процес „Рекет“ призна дека е виновен.

– Дали вие сте лицето што ми нудеше непристојни предлози преку мојот бранител? – праша Бојан Јовановски, а сведокот Бошков негираше.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...