Доцниме затоа што бев физички нападнат од затворски службеник, им се обрати на новинарите обвинетиот Бојан Јовановски пред да влезе во судницата каде што денеска треба да продолжи судењето за Рекет.
Тој не појасни зошто бил нападнат, туку влезе во судницата во која е присутна и обвинетата Катица Јанева и нејзините адвокати. Присутна е и обвинителката Вилма Русковска. Се чека уште судечкиот совет за да почне рочиштето на кое се изведуваат докази од УСБ -то на Зоран Милевски-Кичеец.