Продолжи денешното рочиште од предметот „Рекет“ откако лекар констатира дека здравствената состојба на Бојан Јовановски Боки 13 е добра и дека тој е само вознемирен.
На Боки му бил даден „дијазепам“ за смирување.
Лекарот рече дека Јовановски може да го следи судењето, а судијката Васка Николовска Масевска го продолжи рочиштето.