Боки до Русковска: Јас имам рак на желудник, а вие вршите тортура врз мене!

1901

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски Боки 13-ка на почетокот на денешното рочиште ѝ дофрли на обвинителката Вилма Русковска дека таа врши тортура врз него по што беше накратко изнесен од судницата.

– Јас имам малигнитет, а вие вршите тортура врз мене – ѝ рече Јовановски.

Јовановски рече дека не се чувствува добро и ја извести судијката Васка Николовска Масевска дека лекар препорачал да биде опериран и дека нема да може да го следи судењето. Судијката му рече дека ќе повика лекар да го прегледа, а на тоа Јовановски и рече дека не сака под седативи да го судат и дека неговата здравствена состојба бара оперативен зафат, а не преглед на лекар во судот.

– Јас имам рак на желудник и состојбата треба да се санира со операција – повтори Јовановски по што судењето продолжи со изведување докази.

На денешното рочиште треба да продолжи прикажувањето материјални докази и тоа снимки што ги доставил во Обвинителството, бизнисменот и сведок Јордан Камчев.

Обвинети во „Рекет“ се Бојан Јовановски и Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка, а третообвинетиот Зоран Милевски Кичеец призна вина и доби три години затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...