„Орце, срце мое“, му вели Боки 13 на сведокот Јордан Камчев во една од снимките што во моментов се пуштаат на рочиштето за предметот „Рекет“.
– Да ја почекаме Весна Димишкова што ќе направи, во случај да не одлучи ништо. Во четврток Тони ќе оди кај Катица за да има оправдување жената – му вели Боки на Камчев, и додава дека пасошот наскоро ќе му биде вратен.
Во една од снимките што до Русковска ги доставил сведокот Камчев, Боки го информира дека „предметот „Империја” е многу обемен„ и дека обвинителката Лиле Стефанова, школски го сработила.
На оваа Камчев реагира дека нема криминал и дека СЈО е формирано за политички цели.
– Доказите на Лиле Стефанова и се за во Радовиш. Ти гарантирам дека нема криминал, ниту даночно затајување. Каде е оштетeна државата? Никој не може да не убеди дека сме правеле криминал. Дали СЈО било формирано за да се занимава со стечај на Орка од 2002 година? СЈО е формирано за политичка цел, да падне Груевски од власт. Не е за Камчев и Панделевски – вели бизнисменот Камчев кој е сведок во „Рекет“.