Боки до Камчев: Апелација ќе те одбие!

1164

„Кога ќе бидам ослободен?“, го прашува сведокот Јордан Камчев обвинетиот Боки 13, а тој одговара: „Ќе пишеш жалба, Апелација ќе те одбие!“

Ова е една од аудио-снимките што беше дадена како доказ на денешното рочиште во предметот „Рекет“.

– Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. До Врховен се жалите, како втор степен. Начелното правно лице и советот се повлекува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го придружува, да го одолговлекува, понеделник-вторник вие сте на слобода – му вели Боки на Камчев.

Бојан Јовановски реагираше дека станува збор за приватен разговор со Камчев, неговата сопруга Камчева и Боки, кој не треба да биде земен предвид како доказ затоа што бил незаконски прибавен.

На ова реагираше и адвокатот на Боки, Сашо Дуковски, кој истакна дека снимката од телефонскиот разговор нема датум и дека не е релевантна.

Обвинителката Вилма Русковска објасни дека снимката не е набавена преку Пи мерки и нема датум. По ова беше пуштена уште една снимка која беше неразбирлива, а по реакција на новинарите снимката пак беше пуштена, но повеќе се слушаше бучава отколку разговорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...