Боки до Заев: „Размислете за средба“, а Заев: „Ги видов доказите, ова е чист рекет“

2334

Во февруари 2019 Боки испратил притскрин на мајка му Јасминка од комуникација со Заев во февруари, а имало и уште една, која се случила на 16. април.

Боки му пишува на Заев, „во име на нашето пријателство, уште еднаш да размислите за средба, јас секогаш сум бил искрен спрема вас, никогаш не сум играл дупло како овие дворски игри сега“.

На ова, Заев му возвраќа: „ Боки, ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е, ова е чист рекет. Јас како претседател на владата сум должен и ќе постапам“.

Ова се случило една недела пред Заев и официјално да го пријави случајот „Рекет“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...