Бока Јуниорс против Ривер Плејт во борбата за трофејот Копа Либертадорес

77
Аргентинска пресметка ќе гледаме во финалето на најсилното јужноамериканско фудбалско клупско натпреварување Копа Либертадорес, откако ноќеска Бока Јуниорс одигра нерешено 2:2 на гости кај бразилски Палмеирас.

На првиот дуел Бока победи со 2:0 и со вкупни 4:2 оди во финалето каде за противник ќе го има лутиот ривал Ривер Плејт.

Головите за Бока Јуниорс на дуелот во Сао Пауло ги постигнаа Абија во 18. минута и Бенедето во 70. минута. За бразилскиот тим погодија Луан во 53. и Гомез во 60. минута.

Натпреварите за трофејот се закажани за 7. и 28. ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...