Боинг принудно слета во Русија

396

Авион Боинг 737-800 принудно слета во градот Сиктивкар во северниот дел од Русија, потврдија локални власти.

Се претпоставува дека причина за слетувањето е дефект на моторот. Авионот, кој превезувал 156 патници и шест членови на екипажот, летал од малиот град Мирни, во сибирскиот регион на Источна Русија кон престолнината Москва.

Засега не се познати точните причини за принудното слетување, но според аеродромските власти моторите на авионот запреле со работа на среде лет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...