Боинг планира нов софтвер за авионите „737 МАКС“

131

Федералната администрација за воздухопловство на САД синоќа соопшти дека авиокомпанијата „Боинг“ ќе им издаде официјално упатство на авиопревозниците, на неприземјените авиони „Боинг 737 МАКС“, да им инсталираат нов софтвер за контрола на летање.

Администрацијата соопшти дека рецензијата на софтверот на Боинг ќе биде приоритет, како и обука и сите други мерки.

„Боинг“ претходно соопшти дека планира да издаде нова верзија на софтвер за „737 МАКС“.

Авионите на овој модел беа приземјени ширум светот по неодамнешните две несреќи во кои загинаа сите патници и членови на екипажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...