Реформаторот Петар Богојески, кој неодамна имаше повеќе средби со европски политичари во Брисел, но и со високи државни функционери во Вашингтон, на Фејсбук ја коментира набавката на луксузен мебел за канцелариите на МЕПСО.
„Мерцедес за странци / фотелји за странци!
Јас не гледам разлика, Вие?!?
За секој скандал, криви се странците👏🏼
Сведок сум дека, мебелот во канцелариите на високи државни функционери во Вашингтон и Брисел се далеку, далеку по скромни од нашите во Скопје!!! Тогаш за кои странци се овие средства?!? Ако планирале од МЕПСО да сработат нешто со руски тајкуни, тогаш во ред, треба луксуз… ама за сиот останат нормален свет, ни најмалку!“, пишува Богојески.