Ние сме тука и дејствуваме и работиме на комплетната агенда на внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Петар Богојески еден од иницијаторите за внатрепартиски реформи на ВМРО-ДПМНЕ, а сега заменик генерален секретар на партијата, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5. Тој негираше дека иницијативата за промени во партијата ја сменало откако некои од реформаторите добиле партиски функции.
-Ние сме тука и дејствуваме и работиме на комплетната агенда на внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО-ДПМНЕ. Со промената на раководството на партијата се создадоа услови да може нормално да се разговара. Сега сме на почетокот на промените. Во новиот статут предвидуваме индивидуална одговорност, слобода за иницијативи. Иницијативата за реформи е автентична и создадена од нас самите – рече Богојески.