Реформаторот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Богојески на Фејсбук го прозива партискиот врв дека не се огласува со став во јавната полемика за Гоце Делчев што се отвори откако бугарски политичари излегоа со ставови дека Делчев е бугарски реолуционер.
„ВМРО ДПМНЕ и Гоце Делчев!
Од кога сум член на ВМРО ДПМНЕ до денес, ние сме најгорди кога се повикуваме на историското наследство на ВМРО, се прогласивме за наследници на Илинденците, на Идејата и Делото на Организацијата, на самиот Грб на Партијата ставивме 1893 – 1990 година…
Има ли поголем репрезент на Делото на Организацијата од Гоце Делчев?!? Има ли позначаен револуционер, во чие име се колнеме и чии наследници се сметаме, ние од ВМРО ДПМНЕ?!?
Од тука е целосно нејасно, во овој историски момент, кога се отвара и ќе се затвори нашиот корен, нашата суштина, нашата “есенција”, да немаме став по прашањето за Гоце Делчев?!?
ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО, претседателот Hristijan Mickoski, сите видни функционери, експерти во областа, да молчат и да немаат став за Гоце Делчев?!? Да немаат збор, два, да ја одбранат честа на Војводата?!? Да немаат храброст да ја истакнат вистината за Гоце Делчев и македонското револуционерно Дело?!? Да застанат зад честа на Организацијата?!?
Зарем заслужуваме ние да се повикуваме на историската традиција на ВМРО?!?
Зарем заслужуваме ние да го носиме името на ВМРО?!? Само власт ли не интересира?!? А честа?!? А образот?!? А суштината од таа власт?!?„“, вели Богојески.