Петар Богојески, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук реагира на изјавите на бугарската минисерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, и на министерот за одбрана Красимир Каракачанов, кои тврдат дека Гоце Делчев бил Бугарин и дека Македонија треба да го прифати тоа.
„Георги (Гоце) Делчев, поголем „душман на европска Македонија” од Германос Каравангелис?!? Гоце бил Македонец… не, не, Гоце бил Бугарин… изнакажаа глупости и останаа живи! Кои се министрите во Владите на Македонија и Бугарија, па да кажуваат што и кој бил Гоце?!?
Гоце не живеел пред 3000 години, па да не знаеме… како некни да беше… Гоце сам „ќе си каже” кој бил!!!“
1. Да се преведат сите познати и непознати „писанија” од Гоце Војвода и неговите блиски, на литературен македонски јазик и на литературен бугарски јазик! Се тоа да се подели на народ…
2. Да се повикаат живите наследници на Гоце Војвода, да си кажат што аманет им оставил Војводата, во домот свој!!!
3. Да се организира „историска дебата” пред камерите на Македонската и Бугарската национална телевизија, а не зад затворени врати… во просториите на Бугарската Академија, не на Македонската… и да се стави на маса знајното и незнајното за Војводата!!!
Нема бегање од вистината… таа е како шило… врти, врти, ќе излезе на виделина!
Каков е тој однос од Бугарија, ако сакате во НАТО и ЕУ, мора Гоце да биде Бугарин?!?
Дали тоа значи, ако беше обратно, Македонија во НАТО и ЕУ, а Бугарија апликант, дека Гоце ќе мораше да биде Македонец?!?
Бог да чува и да брани!
Гоце ќе биде тоа што самиот сакал да биде, а не што сакаме ние денес да биде!
Ниту Бугарин, ниту Македонец ќе биде… коските во гроб се превртуваат од слепилото на неговите чеда низ Македонија и Бугарија!
Срам и арам и за едни и за други!!!
А пак јас знам само едно…
Гоце Војвода, живееше и умре за слободата на Македонија!“, пишува Богојески.