Богојевски се враќа со мисија да ја европеизира ВМРО-ДПМНЕ

1791

Продолжуваме со демократизација, модернизација и европеизација на ВМРО-ДПМНЕ и по враќањето од Хелсинки, ќе се среќавам со секој член на партијата за да ги убедам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да е дел од европска Македонија, ни изјави Петар Богојевски од реформското крило, денеска од Финска.

Најавата на Богојевски за европеизација на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по средбите на паралелната партиска делегација која присуствува на Конгресот на ЕПП во Хелсинки и по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан на која е испратена јасна порака дека заканите кон пратениците кои гласале за уставните промени мора да престанат и дека сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓаните.

– Со сите демократски средства согласно статутот ќе дејствуваме за европеизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе одам од член до член и се надевам дека мнозинството ќе го убедам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да е дел од европска Македонија – рече Богојевски.

Тој вели дека во Хелсинки се сретнал со претседателот Христијан Мицкоски и дека размениле мислења, но не откри детали од средбата.

Богојевски во 16 часот ќе се сретне со претседателот на ЕПП Жозев Дол, на чија лична покана во Хелсинки се тој, Никола Тодоров и пратеничката Емилија Александрова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...