Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски пред да почне претресот на денешната расправа по шесте барања на Кривиниот суд за мерката притвор за Никола Груевски , побара да се спроведе темелна истрага за бегството на поранешниот премиер.
Тој изрази разочарување што системот и органите на прогонот не го обезбедиле присуството на Груевски, за кого денеска треба пратениците да одлучуваат дали ќе му препорачаат на Собранието одземање на имунитетот.
– Комисијата и Собранието се ставени во контрадикторна ситуација. Како пратеник, но и како човек, разочаран сум што нашиот систем не успеа да го обезбеди присуството на Груевски за издржување на затворската казна. Јас лично и јавноста бараме да се спроведе темелна истрага и да се утврди одговорност каде системот потфрлил – рече Богоевски.
Тој додаде дека искуството во овој случај треба да послужи како лекција за да се корегираат, како што рече, недостатоците на системот кои довеле до оваа контрадикторна ситуација. Уште поголем апсурд, рече тој, е тоа што останува претеничкиот мандат на Груевски кој му овозможува пратеничка плата.
Богоевски побара да продолжи истрагата која очекува темелно да биде спроведена по што почна претресот по шест барања на Оснивниот суд за мерка притвор за Груевски.