Богоев обвинува: Има индиции за проневера на пари, Стевче да се спрема за средба со обвинителот!

В понеделник градоначалникот на скопската општина Карпош најави обелоденување на ревизорски извештај, после кој работа ќе има Основното јавно обвинителство.

3765

Проневера на пари, отсуство на фактури за многу проекти и недостиг на детални извештаи. Ова се дел од обвинувањата што вечерва на Телма ги изнесе градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за својот претходник Стевче Јакимовски.

Богоев рече дека деталите ќе ги соопшти на прес-конференција в понеделник, оставајќи му така на својот претходник еден вознемирувачки викенд. На средбата со новинарите ќе се обелодени ревизорски извештај, кој ќе ги потврди обвинувањата.

Градоначалникот го потврди и она што веќе подолго време е јавна тајна – по „заслуга“ на Стевче Јакимовски, дури и бараката во која е сместена Општината е дивоградба!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...