Богоев: Нема потреба да се казнува Пендаровски поради локалната и централната власт

709

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, на денешната прес-конференција со скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, истакна дека во Општина Карпош, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски извојувал победа.

–  Се согласувам дека има намалување на гласовите, но најверојатно тоа е порака дека некои работи што сме ги ветиле и сме почнале да ги реализираме, можеби треба со одредена побрза динамика да се реализираат и тоа е разликата меѓу нас и претходната власт, што ваквите работи и ваквите пораки од граѓаните најдиректно и најсериозно се сфаќаат од наша страна и веднаш ќе почне да се постапува подинамично – рече Богоев.

Тој додаде дека доколку некој смета дека тој нешто не направил или оти нешто требало да биде поприоритетно од нешто друго, слободно може да се критикува и оти претседателскиот кандидат Пендаровски нема логика да биде казнет поради тоа.

– Нема логика да биде казнет поради нешто друго претседателскиот кандидат кој  гарантитра дека ќе се оди напред, каде што веќе после долги години се тргна. Ако сметаме дека е подобро да се враќаме назад, тогаш би било логично да се казни некој што не е крив за одредени работи. Јас сметам дека нема зошто Пендаровски да биде казнет, пораката извршната власт на локално, градско и централно ниво ја сфати – рече Богоев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...