Богоев доби декларација за транспарентност

165

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска и официјално ја прими Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Македонија со која се обврзува, покрај поголема транспарентност да ги трасира патеките и на поголема достапност, интегритет, ефективност, секојдневно подобрување на стандардите и континуирано унапредување на процентот на граѓанско учество во одлучувањето и соработка со општината, соопшти Општината.

Декларацијата на Градоначалникот Богоев му ја врачи м-р Лилјана Пецова – Илиеска, проектен координатор во „Метаморфозис“, која во оваа пригода ги кажа и нивните сознанија од спроведениот мониторинг за компаративните предности и идните обврски што ги има Карпош во остварување на овие цели според методологијата на ОЕЦД (OECD-Организација за економска соработка и развој), а кои се обврска и за сите општини од Македонија – потписнички на Декларацијата.

– Општина Карпош се истакнува на планот на комуникациите со граѓаните на социјалните мрежи, што води кон поголема транспарентност и интерактивност, општината е отворена и достапна за граѓаните, во целост, транспарентно и достапно дава пристап за добивање информации од јавен карактер со сите потребни документи и обрасци. Она што останува за во иднина да се ажурираат нови документи во сферата на економскиот развој и работењето на Советот на сите нивоа- стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...