Нашиот глас за Талат Џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка, напиша на својот профил на Фејсбук пратеникот Павле Богоевски.
„Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.
Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.
Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, додава тој.