Mораме да си поставиме сериозни прашања од безбедносен аспект – дали Илија Громовник е еден човек или група луѓе кои организирано дејствуваат за да го користат јавното мислење само за дестабилизација на политичките процеси и клима во државава, изјави Павле Богоевски.
Тој смета дека објавувањето на снимката, без разлика дали е навистина од Будимпешта, е порака пред седницата за одземање на мандатот на побегнатиот премиер Никола Груевски.
– Тоа го примив како порака и тоа беше голем дел од причината зошто одлучив да чекам до самата седница за да ја соопштам одлуката за повлекувањето на тој начин. Сакав да им го превртам наративот на глава и мислам дека успеав – изјави Богоевски кој беше гостин во 1тв.