Богоевски: На 30 септември, храбро, масовно и достоинствено да кажеме „Да“

454

Со постигнатиот македонско-грчки договор, за прв пат во историјата на Република Македонија се нуди најфер и најдобра шанса, историски гледано, за обезбедувањето на иднината на сите граѓани на Република Македонија.

За прв пат, имаме шанса сами да одлучуваме за сопствената иднината. Со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки, рече денеска Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

– Со овој Договор, македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш засекогаш! Јазикот е обезбеден и признаен во својата изворна форма без никакви фусноти, придавки или додавки. Нашето државјанство е македонско, сега и во иднина, а државните симболи како што се химната, знамето и грбот нема да се менуваат. Со признавањето на овој договор за прв пат се отвораат вратите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде што вредносно и цивилизациски припаѓа. Поддршка на овој Договорот и референдумското изјаснување, за иднината на Република Македонија е највисок патриотски чин. Затоа на 30 септември, храбро, масовно и достоинствено да кажеме ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор – рече Богоевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...