Богоевски: Да видиме дали во ВМРО-ДПМНЕ некој ќе има сила да се одрече од пастирот

530

Пратеникот Павле Богоевски, кој беше претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но во моментов е во оставка од пратеничката функција, се огласи на Фејсбук откако комисијата го изгласа предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, не гласаа. Сега, потребни се 80 гласа „За“ на пленарна седница за Груевски да остане без мандат, а Богоевски порача дека без разлика на исходот, тој ќе ја поднесе неговата оставка.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа „За“ одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство. Според Деловникот, за мандатот на нг треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот“, напиша Богоевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...