Општината Центар информира дека „поради временските услови и обилните врнежи од снег, се презакажува прес конференцијата на градоначалникот Саша Богдановиќ по повод пресудата на Врховниот Суд во корист на Општина Центар.
Средбата со новинарите закажана за 12 часот пред зградата на НИП Нова Македонија се презакажува за во 13 часот во Салата на Советот на Општина Центар (барака бр. 6).
Во Скопје пред еден час почна да врне снег, но засега снежната покривка изнесува едвај пет сантиметри.