Богдановиќ: Да се самозапалам за да реагира некој за „Никофон“ ВИДЕО

746

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ денеска излезе соспротивен став од обвинителите кои тврдат дека до нив не се доставени докази од Општината, за малверзации околу барокната катна гаража за која има судска пресуда дека може да почне да се гради на земјиште кај „Автомакедонија“ во центарот на Скопје.

Богдановиќ апелира Обвинителството да почне да го истражува случајот.

– Па да земам да се самозапалам за да реагира некој?! – изјави Богдановиќ на прес конференција.

Градоначалникот рече декс докази до Обвинителството се доставени уште пред три години и тоа од претходниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

– На 3 февруари 2016 година, до ОЈО, Општина Центар доставиле 72 списи. Не знам што повеќе. И повторно имаме на петти февруари доставено дополнување. Записник, решение, дополнителни материјали – изјави Богдановиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...