Кевин Принс Боатенг го потврдил трансферот во Барселона. Интернационалецот од Гана оди на изнајмување и треба да пристигне во Шпанија денеска и од утре веќе да биде играч на Барса.
Боатенг веќе се збогувал со своите соиграчи во Сасуоло, а според еден од нив, играчот го дефинирал трансферот како „шанса на неговиот живот“.
Се очекува 31-годишниот Боатенг да влегува како резерва на местото на главниот напаѓач Луис Суарез.