БМВ усмрти велосипедист на патот Тетово-Брвеница

164
Жител на тетовско Долно Седларце (51) починал откако, додека возел велосипед, бил удрен од автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички што го управувал 22-годишен жител на Тетово.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, несреќа се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово-Брвеница. При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт.
Увид на местото на несреќата е извршен.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...