На Интернет се појави снимка од вчерашната страшна несреќа на наплатната рампа „Света Хелена“ недалеку од Загреб, во која три лица се тешко повредени.
На снимка се гледа како „бмв“со огромна брзина и без кочење удира во „шкода“ во која биле семејство, двајца родители и дете. Како што пишуваат медиумите во регионот, двајцата родители и детето се во кома.