БМВ предизвика несреќа во центарот на Белград, меѓу повредените и тригодишно дете (ВИДЕО)

240
ФОТО: Курир.рс / Принтскрин

Дваесет и деветгодишник е уапсен поради тоа што со „бмв“ вчера во центарот на Белград предизвикал несреќа во која се повредени три лица од кои едно тригодишно дете. Тој бил уапсен на граничен премин, додека се обидувал да излезе од земјата, пренесува „Курир.рс“.

– Постои сомнение дека вчера околу 18 часот со автомобил „бмв“, по судар со возило „сузуки“, налетал на паркиран автомобил, кој од силниот удар, влетал во тераса на угостителски објект во кој седеле гости. Осомничениот по сообраќајната незгода побегнал од местото, а уапсен е при обид да ја премине границата – било соопштено од Министерството за внатрешни работи.

Како што медиумот неофицијално дознава, веднаш по судирот од возилото излегле две машки лица, а личноста за која постојат сомнежи дека возела, му рекла на совозачот „каде ми е пиштолот, каде ми е хеклерот“.

Потоа се заканувала на девојката која го возела „сузукито“ и момчето кое стоело покрај автомобилот. Заедно со совозачот се вратиле кај нивниот автомобил, па возачот го зел пиштолот и побегнал.

Видеото погледнете го тука.

ФОТО: Курир.рс / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...