Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг изјави дека нема да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година.
Тој наместо на претседателска кандидатура своето време ќе го посвети во борба против климатските промени.
Блумберг е милијардер и би можел да ја финансира сопствената кампања, а и претходно ја разгледувал идејата за кандидатура. Во меѓувреме стана и жесток критичар на американскиот претседател Доналд Трамп.
Минатата година Блумберг им донираше повеќе милиони долари на демократите и се заложи за заострување на законот за оружје во САД.
ФОТО: EPA / CJ GUNTHER