Блумберг: Илјада милијарди долари странски капитал „избегаа“ од Островот заради Брегзит

190

Баснословна сума пари, најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 отсто од вкупниот имот на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се иселиле од Островот во Европската унија од изгласувањето на Брегзит, во јуни 2016 година, се наведува во статија на американската агенција Блумберг.

Во пресрет на разводот меѓу Велика Британија и ЕУ , закажан за 31 октомври, бегањето на финансискиот капитал од Лондон, со децении неприкосновениот банкарско-финансиски центар на Европа, деновиве само за забрзува, јави Блумберг.

Во текстот уште се додава дека само минатиот месец водечките светски осигурителни друштва со седиште во Сити ( банкарскиот дел на Лондон) во Даблин, Луксембург, Франкфурт и Париз префрлиле бизнис вреден 75 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...