Блокаторите ќе ги избркаат гостите од Центар

8724

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, од 10-ти април (среда), ќе воведе ред на резидентните паркиралишта.

Ќе се поставуваат „блокатори“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коjшто се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби.

Поставувањето на механичко средство „блокатор“ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило „пајак“.

Акцијата ќе започне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието. Оваа промена се воведува поради големиот број поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...